Вовед
Почетна / За Нас / Вовед
ЛАРИКОМ-ИМПЕКС
Трговско друштво со меѓународна шпедиција
Трговското друштво со меѓународна шпедиција ЛАРИКОМ-ИМПЕКС Доо Скопје е формирано во 1991г.
Како компанија со основна дејност царинско посредување при увоз, извоз и транзит на стока имаме свои испостави во главниот град Скопје и на граничните премини кон Р.Бугарија (ГП Деве Баир), Р.Србија (ГП Табановце), Р.Грција (ГП Богородица), Р.Албанија (ГП Ќафасан) и Косово (ГП Блаце) каде над 20 лиценцирани шпедитери со долгогодишно работно искуство во оваа област стојат на располагање на нашите коминтенти, како за стручен совет така и за целосно, брзо и ефикасно спроведување на потребните царински формалности.

6
Локации
30
Години искуство
>4000
Задоволни клиенти
>20
Лиценцирани шпедитери
Професионалноста, стручноста и тимската работа се темелите на нашата компанија а со тоа и основата за постојано зголемување на бројот на коминтенти кои се` повеќе го препознаваат новиот начин на меѓусебна соработка, партнерски однос и градење доверба промовирани од ЛАРИКОМ-ИМПЕКС.
Наши коминтенти се дел од најголемите македонски компании од областа на фармацијата, градежништвото, рударството, прехранбената идустрија, аграрот и автомобилизмот. Со сите нив, нашиот тим е во постојана комуникација со цел, изнаоѓање на најбрзи и економични решенија за реализирање на сите потреби поврзани со царинското застапување.