Царинско посредување
Почетна / Услуги / Царинско посредување
Во делот на царинското посредување a во зависност од потребните царински постапки како и пред државните институции, вршиме:
- тарифирање на стока
- подготовка на увозно-извозни документи
- увоз и извоз на стока за правни и физички лица
- пуштање во слободен промет
- внесување и привремено чување
- парцијално царинење
- транзит
- реекспорт
- поднесување на барања за фитопатолошки, ветеринарен, санитарен и пазарен преглед
За горенаведените постапки ги поседуваме потребните банкарски гаранции за пуштање на стока во слободен промет и транзит и вршиме плаќања за сите видови прегледи, со цел да се намали времето на чекање и стоката што побргу да стигне до крајната цел.