Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 15.9.2021 година.
Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект) на ден 21, 22, 23 и 24 септември 2021 година. Царинската управа врз основа на пријавениот број на кандидати обуката ќе ја одржи во согласност со Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари од Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19 (Сл.весник бр.123/20), или со далечинско учење.
Повеќе на линкот тука