Согласно одредбите пропишани во Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблички на територијата на Република Северна Македонија (Сл. Весник 305/2020), во членот 2 став 7 пропишано е дека Барањето за регистрација на возилата со странски регистерски таблички, може да се поднесува во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Со оглед дека законот стапи на сила 20 дена по денот на неговото објавување (објавен на 22.12.2020 година), Барањето за регистрација на возилата треба да се поднесе најдоцна до 21 јуни 2021 година пред надлежните служби на МВР.

Почнувајќи од 22 јуни 2021 година од 00:01 часот, Царинската управа ќе ја прекине постапката F66 со која увозните давачки се пресметуваа во намален износ за 50% согласно одредбите од членот 4 став 1 од Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблички на територијата на Република Северна Македонија.

Оттука ги информираме сите заинтересирани корисници на возилата со странски регистерски таблички благовремено да ја започнат и завршат постапката за увоз на овие возила, да ги платат увозните давачки со цел навремено да ја започнат постапката за регистрација на возилата која завршува на 21 јуни 2021 година, информираат од Царинската управа.