Резидентите можат слободно да внесуваат во Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.
Одлука за висината на внесување или изнесување на странски пари и чекови
Одлука – ефективни домашни пари чекови и монетарно злато Сл весник бр 41 од 2007 година
Резиденти
Резидентите* можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.
Резидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.
Резидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од 10.000 евра.
Нерезиденти
Нерезидентите** можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.
Нерезидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.
Нерезидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од 10.000 евра.
* Правни лица со седиште во РМ и нивни претставништва во странство, подружници на странски друштва регистрирани во РМ, физички лица со постојано место на живеење во РМ, физички лица со регулиран привремен престој во РМ и дипломатски и конзуларни претставништва на РМ во странство.
** Сите други правни и физички лица кои немаат статус на резиденти.