Согласно одредбите наведени во членот 2 став 2 алинеја 2 од Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила (Сл. весник 277 од 28.12.2019), од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година вредноста на коефициентите кCO2 кои се користат при пресметата на данокот за моторните возила ќе се применуваат во зголемен износ за 25% од постојните. Новите износи се прикажани во приложената Табела.

 

Гранични вредности на CO2

(грам CO2/km) според NEDC

Коефициент

(денари/грам CO2/km)

над до кCO2  Бензин,ТНГ,КПГ

кCO2

Дизел

0 1 0,0 0,0
1 50 6,25 12,5
51 75 12,5 25,0
76 90 25,0 50,0
91 100 37,5 75,0
101 110 50,0 100,0
111 130 62,5 125,0
131 140 87,5 162,5
141 150 125,0 200,0
151 170 162,5 237,5
171 190 200,0 275,0
191 225 237,5 312,5
226 255 275.0 350.0
256 312,5 400,0