Вовед

Почетна / За Нас / Вовед

ЛАРИКОМ-ИМПЕКС

Трговско друштво со меѓународна шпедиција

Трговското друштво со меѓународна шпедиција ЛАРИКОМ-ИМПЕКС Доо Скопје е формирано во 1991г.
Како компанија со основна дејност царинско посредување при увоз, извоз и транзит на стока имаме свои испостави во главниот град Скопје и на граничните премини кон Р.Бугарија (ГП Деве Баир), Р.Србија (ГП Табановце) каде над 15 лиценцирани шпедитери со долгогодишно работно искуство во оваа област стојат на располагање на нашите коминтенти, како за стручен совет така и за целосно, брзо и ефикасно спроведување на потребните царински формалности.

3

Локации

30

Години искуство

>4000

Задоволни клиенти

>15

Лиценцирани шпедитери

Професионалноста, стручноста и тимската работа се темелите на нашата компанија а со тоа и основата за постојано зголемување на бројот на коминтенти кои се` повеќе го препознаваат новиот начин на меѓусебна соработка, партнерски однос и градење доверба промовирани од ЛАРИКОМ-ИМПЕКС.
Наши коминтенти се дел од најголемите македонски компании од областа на фармацијата, градежништвото, рударството, прехранбената идустрија, аграрот и автомобилизмот. Со сите нив, нашиот тим е во постојана комуникација со цел, изнаоѓање на најбрзи и економични решенија за реализирање на сите потреби поврзани со царинското застапување.